Каменичките гимназијалци патуваат на државен натпревар по “Сообраќајно-техничка култура на младите” во Скопје

Ненад Крстевски, Давор Китановски и Марко Јосифовски, сите ученици при СОУ “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица под менторство на проф. Елизабета Георгиева го освоија второ место на регионалниот натпревар по Сообраќајно-техничка култура на младите. Исто така, на регионалниот натпревар и во поединечна конкуренција ученикот Ненад Крстевски ги освои второто место. Регионалниот натпревар на кој учествуваа голем број уленици од повеќето средни училишни центри од Источна Македонија се одржа минатиот четврток во Пробиштип. Ние им посакуваме успех и на републичкиот натпревар во Сообраќајна техничка култура на младите кој ќе се одржи во Скопје во н. Карпош во ООУ Војдан Чернодрински на 20.05.2017(сабота).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *