Временска прогноза: Сончево и топло со мала до умерена облачност

Македонска Каменица, 3 Април 

(www.kamenica.mk)

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 30 степени.

Во Македонска Каменица и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 29 степени.

Пооблачно и понестабилно, особено во северните и источните делови, ќе биде во петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе опадне за околу 5 степени. Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне се очекуваат нови врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *