А тај виц знаеш ле го? #9 (Попо и Перо клисаро)

Приметил Попо оти у црквата му снемува пари и видел дека Перо клисаро му ги краде од иконите, а нема како да го фане. А Перо па приметил оти Попо му е*е жената и не смее да му рече ништо оти ќе го напади. Смислил Попо како да попита за да си признае клисаро за парите и му вика: Перка, абе ти ногу време има како не си се исповедал, како чедо Божјо?

– Е има дедо Попе, не сам се верно! – одговара му клисаро

Епа, ја ела тука клекни под мантијата да се исповедаш набрзинка додека нема гужва!

Клекнува клисаро, покрива го попо озгоре и му вика: Ајде ти чедо Божјо Перо, исповедај се…и кажи оти ми крадеш од паритееее!? Перо клечи и трае…шо ќе рече…

Попо озгоре вика посилно и па пита: Кажи ми, ти чедо Божјо Пероооо оти ми крадеш од паритееееее!?!? Перо па трае… На Попо му чудно, оти трае, ама уште еднаш на цел глас се дере и вика: Ајде чедо Боожјо исповедај се и признај пред Бога, оти крадеш пари од цркватааааа? Перо ќутел, ќутел…и едно време се подава оздоле и вика: Дедо Попе, абе тука под мантијата ништо се не слуша!

Како бе Перо не се слуша, ја на цел глас се дера…не може да не се слуша!?

Епа, ја ела да се сменим па ќе видиш. Облачи Перо мантијата, Попо клекнува…покрива го озгоре Перо со мантијата и почнува: Попеееее, оти ми е*еш жената Попеее? Попо трае…глас не пушта

Перо па пита посилно: Оти ми е*еш жената Попеееее??? Попо нема и он шо да рече и па трае…

Клисаро третио пат се па дере најсилно: Чуеш ле Попееее, оти ми е*беш секи ден жената Попеееее???

Подава се оздоле Попо од под мантијата и му вика на Перо: Верно бе Перо, од тука се ништо не слуша, џабе се дереме цело време и двата!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *