Вчера во 07.30 часот во СВР Штип, полициски службеник од СВР Штип пријавил кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие“ сторено од страна на петнаесетгодишен малолетник од Штип. Имено, истиот појаснил дека околу 03.30 часот заедно со друг полициски службеник И.А. биле на службена задача и во еден момент го забележале пријавеното лице со уште едно лице во обид да сторат кривично дело.
Кога им се доближиле, малолетикот го турнал полицискиот службеник, кој изгубил рамнотежа, паднал и удрил со главата во металната ограда.
Во тој момент двте лица успеале да побегнат. Полицискиот службеник бил однесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани телесни повреди и му била укажана медицинска помош. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.