Skip to content
Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, во среда на 28.06.2017 година, ќе гостува во Домот на kултурата во Македонска Каменица. Ќе биде изведена хит театарската претстава „Театар Љубов Моја“. Почетокот на претставата е во 20 часот, а цената на влезницата е 50 денари.
Уметничкиот директор на театарот Васил Зафирчев истакнува дека претставата е работена по текст на бугарскиот автор Валери Нисимов Петров, а во режија на Деан Дамјановски и драматургија на Сашо Димовски.
Зафирчев појасни дека драмата „Театар љубов моја“ е напишана во 1981 година од бугарскиот поет, драматург, сценарист и преведувач Валери Нисимов Петров за двете големи бугарски актерки Тања Масалитинова и Славка Славова и првпат е изведена истата година.
Последен пат е поставена минатата година во Софискиот „Театар 199“ во изведба на четири актерки, а со четири актерки ќе се игра и во Домот на културата во Македонска Каменица. Премиерата е изведена во Велешкиот театар, во март оваа година.
Во претставата играат Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Сашко Костов.
Like this:
Like Loading...
Related