ХАКЕР (Hacker) – детско тинејџерски игран филм во Домот на култура

КИЦ Ромаса од Македонска Каменица ги продолжува активности во месец Јуни со прикажувањето на детско тинејџерскиот игран филм ХАКЕР (Hacker).
Кино проекцијата во Домот на култура е со почеток од 20:00 часот, во четврток на 14.07 2022 година.
За кино проекцијата на филмот наменет за помладата генерација, од КИЦ Ромаса велат „дека раскажува за тринаесетгодишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред години, како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во Данската тајна служба, па Бенјамин заедно со неговата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка“.
Филмот Хакер е акција синхронизирана на македонски јазик. Влезниците веќе се пуштени во продажба по цена од 70 денари. Истите, на врата пред почетокот на кино проекцијата ќе бидат по цена од 100 денари.
Линк до трејлерот од филмот ОВДЕ