Иако „Viber“ доцни со претставувањето на новата опција, сигурно таа брзо ќе стане популарна меѓу милионите корисници на овој сервис за комуникација. Корисниците на „Viber“ имаат можност да разменуваат фотографии и видео записи кои по гледањето ќе бидат избришани. Ваквите пораки пред неколку години ги популаризираше „Snapchat“, па опцијата е особено позната меѓу тинејџерите. Сега ваквата можност е достапна и на „Viber“.
По снимањето на фотографијата или видео записот во горниот десен или долен лев агол ќе се појави икона со часовник преку која корисниците можат да го изберат времето по кое фотографијата или видеото ќе се избрише од телефонот на оној кој ја прима пораката, откако ќе ја отвори.
Периодот на бришење може да се постави на една, три или седум секунди.