На 13-ти Мај ќе биде отворена „Куќата на спортот“

Во сабота, на 13-ти мај 2017 година, свечено ќе биде отворена „Куќата на спортот“ во Македонска Каменица.  Овој ултрамодерен објект е изграден со финансиски средства од буџетот на општина Македонска Каменица, а зафаќа вкупна површина од околу 500 метри квадратни. „Куќата на спортот“ содржи современи соблекувални, сала за состаноци, простории за технички персонал, фитнес центар и канцелариски простории кои ќе им бидат ставени на располагање на локалните спортски клубови од подрачјето на општина Македонска Каменица. Фирма изведувач е „Хит градба Еуростил“ од Македонска Каменица.

За отворањето на „Куќата на спортот“, покрај официјалниот дел, како централен настан предвиден е и ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветераните на ФК „Саса“ и ФК „Вардар“.

Со изградбата на овој објект, Македонска Каменица добива еден од најрепрезентативните спортски објекти во државата, значително се подобруваат условите за севкупен развој на спортот, а најголем спортски приоритет на Општината, во моментов, е пласман на ФК „Каменица Саса“ во повисок ранг на натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *