Традиционално компанијата Interbrand прави секоја година рејтинг на најскапите брендови во светот и веќе е подготвен последниот за 2016. На првото како и минатата година е Apple, чија вредност се проценува на 178,1 милијарди долари (+5 % во однос на 2015).
На второ и трето место се соодветно Google и Coca-Cola со индикатори од 133,2 милијарди (+11 %), односно 73,1 милијарди долари (пад од 7 %). Лидер меѓу автомобилските марки е Toyota, а вредноста која оваа година ја достигна компанијата изнесува 53,6 милијарди долари (+9 %), а јапонската марка е на петтото место во генералниот пласман на вкупната листа на компании. Второто место меѓу автомобилските марки е за Mercedes-Benz со резултат од 43,5 милијарди долари (раст од 18%). Следуваат BMW (41,5 милијарди, +12 %), Honda (22,1 милијарди, -4 %) и Ford (12,9 милијарди долари, +12 %).
Во вкупниот рејтинг се најдоа 14 автомобилски брендови, а за прв пат во Топ-100 се најде и Tesla – чија вредност на брендот се проценува на 4 милијарди долари, што ја става засега на последното место на листата, но сепак и ова е успех за калифорнискиот производител на исклучиво електрични автомобили.