По успешно одржаните хуманитарни настани “Небо Сино” од страна на Фондацијата Ице Бегов, денеска штитениците при Дневните центри за лица со посебни потреби од Македонска Каменица, Делчево, Велес и Гевгелија заминаа на еднонеделен летен одмор во Охрид. Одлична можност за повеќе лица од нашиот град, преку дружење со врсници и пријатели од други градоци, да уживаат во прекрасната природа и убавините на Охридско Езеро.
Хуманитарниот настан “Небо Сино” се одржа во Домот на култура во Македонска Каменица, во чест и во спомен на Ице Бегов – човекот кој ја сакаше Македонска Каменица како свој роден град. Неговото семејство и блиските пријатели на Ице Бегов, преку овој настан прават, неговиот дух и спомен за него секогаш да живеат.
Фондацијата Ице Бегов е основана во месец април 2022 година, од кога успешно функционира и има реализирано повеќе хуманитарни проекти.
Мисијата на Фондацијата Ице Бегов е да чекори по пат на хуманоста, ведриот дух и добрината на човекот.