Тунис, 28 април 2017 (kamenica.mk)
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (7.носителка) успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 американски долари. Таа со пресврт успеа да ја совлада четвртата носителка Силвија Солер-Еспоноза од Шпанија со 2-1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:2 во гемови).
Првиот сет Шпанката Солер – Еспиноза го доби со 6:4, а во следните два сета Ѓорческа доминираше и на противничката и препушти само три гема. Скорот во поени беше 89:74 за Ѓорческа, која имаше и три брејка повеќе во мечот 5:2.
Во полуфиналето нашата тенисерка ќе игра со подобрата од четвртфиналето меѓу Катарина Кава од Полска и Петра Мартиќ од Хрватска.