Каде водат црните дупки?

Една теорија во физиката на мали честички сугерира дека не постојат само три, туку девет димензии и дека црните дупки се влезот кон нив, што би значело дека црните дупки се премини кон други универзуми.

Во моментов, научниците во ЦЕРН бараат докази за оваа теза. Неколку теории во физиката на честички  сугерираат дека во универзумот постои многу повеќе од она што можеме да го видиме, а тие екстра димензии би можеле да се одговор на прашањата кои потекнуваат од квантната физика до гравитацијата.

Една од нив е „теоријата на браните“ која имплицира дека повеќекратните димензии  можеби кријат и други универзуми. „Теоријата на браните всушност е дел од пошироката теорија на низите, која се обидува да даде објаснување  како сите сили и честички кои ги познаваме можат да се вклопат во единствен опис“, вели д-р Крис Вајт, физичар од Универзитетот во Квин Мери за Daily Mail.

„Таа теорија сугерира дека основниот материјал од кој  што е изградена природата не се честичките туку струни  и објекти со повеќедимензионална општост, наречени брани“, додава Вајт.

Струните живеат во универзум составен од девет димензии, а кога  на тоа ќе се додаде и времето, вкупно би биле десет димензии.

„Наеднаш човекот би се запрашал дали можеби во тие брани живеат и други луѓе“, е размислувањето на д-р Кристофер Галфард,  кој во својата книга „Универзумот во твојата рака“  го објаснува мисловниот експеримент за тоа како би изгледало кога би можеле да патуваме помеѓу тие димензии.

Научниците во ЦЕРН продолжуваат да бараат докази за постоење на екстра димензии со помош на креирање на микроскопски црни дупки.

„Тие се распаѓаат многу брзо, оставајќи зад себе драматично празнење на радијација на нашите детектори“, вели Вајт.

Но, дури и да се откријат докази за други димензии, тоа нужно не би значело и потврда на теориите за струни и брани. Некои научници, исто така,  не се убедени дека екстра димензиите воопшто и постојат.

Црна дупка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *