Истанбул со шопинг во Едрене (07.12 -10.12.2017)

ПАТУВАЈТЕ СО Libero Travel

4 дена / 2 ноќевања со појадок + превоз + разглед на Истанбул со водич

ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2017Г

Цена на аранжманот: 3500 денари

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!

Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа во Европа, а зазема дел и од Азија. Расположен на седум брда и заплискуван од водите на синиот Босфор прави слика од која никој не може да остане рамнодушен. Тој бил метропола 2600 години, што значи подолго од било која друга метропола во светот.

Истанбул – град кој на прв поглед може да биде темен и разочарувачки поради својата густа населеност ,непланска изградба, ориенталниот начин на живеење, хаосот по улиците и брзото темпо на живеење. Но, доколку сте доволно љубопитни и стрпливи, ќе можете да дојдете до срцето и уникатниот дел на Истанбул – град кој своевремено бил престолнина на три последователни империи – Римската, Византиската и Отоманската, и да ја почуствувате неговата големина и импозантна убавина.

Капали чаршија – Оваа чаршија е најнеодоливата од сите атракции во Истанбул. Таа фасцинира со нејзиниот изглед и многуте дуќани, како еден мал покриен град каде може да си купите покрај сувенири, злато, бакар, ориентални килими, познатото истанбулско стакло и многу други работи.

При посета на Истанбул секако не смеете да ја пропуштите палатата на султанот односно Долма Бахче Сарај.
Сарај кој лежи на Босфор и дава извонредна глетка на Истанбул давајки ни јасна претстава колку уживал Султанот кој живеел во сарајот. Покрај преубавите градини во сарајот ке ги видите собите во кои живеел султанот, ентериерот како и фамозните кристални лустери кои се во огромните салони во сарајот. По прошетката во султановиот дом се оди во Харемот или куќата каде што живееле жените на султанот. Топкапи сарај е уште една палата која што не смее да се пропушти не само поради нејзината важност и убавина туку и поради тоа што е единствената палата која од сите страни е опкружена со море (односно со водите на Мраморно море и Босфор). Тука е и огромното богатство на султаните како и разните порцелански и други поклони што ги добивале од своите посетители.

Сината џамија (или Султан Ахмедова џамија) всушност е џамија која покрај својот стил плени со својата убавина и е единствената во светот која има шест минариња. Таа претставува симбол на градот и е подарок од султанот Ахмед и секако би ја дознале нејзината приказна доколку ја посетите.

Комплетната програма за ова патување погледнете ја тука.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *