WABA ЛИГА: БАСКЕТ КАМ „ДЕБИТИРА“ ПРОТИВ ПЛАМЕН ПОЖЕГА

Македонскиот првак ќе излезе на теренот на 22.септември, вицешампионот една недела подоцна…

WABA ЛИГА: Баскет КАМ „дебитира“ против Пламен Пожега, а Бадел 1862 отвора со Цинкарна Цеље

 

 

Во Славонски Брод (Хрватска) се одржа годишното Собрание на WABA  лигата, на коешто беше извршено и ждребување за групната фаза од сениорската кошаркарска сезона 2021/2022.

Ждрепката посака двата наши претставници, Баскет КАМ и Бадел 1862, да бидат во две различни групи. И евентуална македонска пресметка може да се случи само во доигрувањето за шампионската титула во женското регионално натпреварување.

Согласно со добиените натпреварувачки броеви, нашите претставници ги добија и своите противници за она што следува во регуларниот дел од сезоната 2021/2022.

ФОТО: Претставниците на шампионот, екипата на Баскет КАМ на ждрепката на натпреварувачките броеви во Славонски Брод

Македонскиот првак, екипата на Баскет КАМ е дел од групата „Б“ во кога се уште и екипите на Партизан 1953, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи и Пламен Пожега.

Вицепрвакот Бадел 1862 ќе се натпреварува во групата „А“ во друштво на: Орлови, Берое, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021.

Во првото коло од женската Јадранска лига, кое ќе се игра на 22. септември, девојките од Македонска Каменица, се домаќини на екипата Пламен Пожега, додека пак, една недела подоцна, на 29.септември, „баделки“ ја дочекуваат екипата на Цинкарна од Цеље.

ФОТО: Претставникот на Бадел 1826 на седницата на Собранието на регионалната лига

Согласно со системот за натпреварување, првопласираните четири екипи од двете групи, обезбедуваат пласман во Суперлигата (со пренесени резултати од првиот дел). А најдобрите четири од втората, групна фаза, ќе играат на завршниот турнир –  „Фајнал-форот“ кој е планирано да се одигра на 19. и 20.март, 2022 година.

Нешто порано, на 20. јануари и 2. февруари, 2022 година, ќе се игра и мини турнирот за разигрување од 9 до 13. позиција во регионалното натпреварување.

СОСТАВИ НА ГРУПИТЕ

ГРУПА А: Орлови, Берое, Бадел 1862, Цинкарна Целје, Феникс, Војводина 021

ГРУПА Б: Партизан 1953, Баскет Кам, Будуќност Бемакс, Триглав, Монтана 2003, РМУ Бановиќи, Пламен Пожега

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

1 коло, 29.09.2021

Орлови – Војводина 021

Берое – Феникс

Бадел 1862 – Цинкарна Цеље

2 коло, 06.10.2021

Војводина 021 – Цинкарна Цеље

Феникс – Бадел 1862

Орлови – Берое

3 коло, 13.10.2021

Берое – Војводина 021

Бадел 1862 – Орлови

Цинкарна Цеље – Феникс

4 коло, 20.10.2021

Војводина 021 – Феникс

Орлови – Цинкарна Цеље

Берое – Бадел 1862

5 коло, 27.10.2021

Бадел 1862 – Војводина 021

Цинкарна Цеље – Берое

Феникс – Орлови

6 коло, 03.11.2021

Војводина 021 – Орлови

Феникс – Берое

Цинкарна Цеље – Бадел 1862

7 коло, 24.11.2021

Цинкарна Цеље – Војводина 021

Бадел 1862 – Феникс

Берое – Орлови

8 коло, 01.12.2021

Војводина 021 – Берое

Орлови – Бадел 1862

Феникс – Цинкарна Цеље

9 коло, 08.12.2021

Феникс – Војводина 021

Цинкарна Цеље – Орлови

Бадел 1862 – Берое

10 коло, 15.12.2021

Војводина 021 – Бадел 1862

Берое – Цинкарна Цеље

Орлови – Феникс

 

Група Б

1 коло, 22.09.2021

Партизан 1953 /слободен

Баскет Кам – Пламен Пожега

Будуќност Бемакс – РМУ Бановиќи

Триглав – Монтана 2003

2 коло, 25.09.2021

Монтана 2003 /слободен

РМУ Бановиќи – Триглав

Пламен Пожега – Будуќност Бемакс

Партизан 1953 – Баскет Кам

3 коло, 29.09.2021

Баскет Кам /слободен

Будуќност Бемакс – Партизан 1953

Триглав – Пламен Пожега

Монтана 2003 – РМУ Бановиќи

4 коло, 06.10.2021

РМУ Бановиќи /слободен

Пламен Пожега – Монтана 2003

Партизан 1953 – Триглав

Баскет Кам – Будуќност Бемакс

5 коло, 13.10.2021

Будуќност Бемакс /слободен

Триглав – Баскет Кам

Монтана 2003 – Партизан 1953

РМУ Бановиќи – Пламен Пожега

6 коло, 20.10.2021

Пламен Пожега /слободен

Партизан 1953 – РМУ Бановиќи

Баскет Кам – Монтана 2003

Будуќност Бемакс – Триглав

7 коло, 27.10.2021

Триглав /слободен

Монтана 2003 – Будуќност Бемакс

РМУ Бановиќи – Баскет Кам

Пламен Пожега – Партизан 1953

8 коло, 03.11.2021

Партизан 1953 /слободен

Пламен Пожега – Баскет Кам

РМУ Бановиќи – Будуќност Бемакс

Монтана 2003 – Триглав

9 коло, 17.11.2021

Монтана 2003 /слободен

Триглав – РМУ Бановиќи

Будуќност Бемакс – Пламен Пожега

Баскет Кам – Партизан 1953

10 коло, 24.11.2021

Баскет Кам /слободен

Партизан 1953 – Будуќност Бемакс

Пламен Пожега – Триглав

РМУ Бановиќи – Монтана 2003

11 коло, 01.12.2021

РМУ Бановиќи /слободен

Монтана 2003 – Пламен Пожега

Триглав – Партизан 1953

Будуќност Бемакс – Баскет Кам

12 коло, 08.12.2021

Будуќност Бемакс /слободен

Баскет Кам – Триглав

Партизан 1953 – Монтана 2003

Пламен Пожега – РМУ Бановиќи

13 коло, 15.12.2021

Пламен Пожега /слободен

РМУ Бановиќи – Партизан 1953

Монтана 2003 – Баскет Кам

Триглав – Будуќност Бемакс

14 коло, 22.12.2021

Триглав /слободен

Будуќност Бемакс – Монтана 2003

Баскет Кам – РМУ Бановиќи

Партизан 1953 – Пламен Пожега

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *