„Tour de Kalimanci lake“ и годинава ќе ги собере велосипедистите од регионот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16. 08 2019 година – И оваа година во Македонска Каменица ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci lake“. Должина на „кружната“ патека околу Калиманско Езеро е 36 километри, со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.

Како што истакнаа организаторите, пријавувањето за учество на „Tour de Kalimanci lake“, започнува на 19. Август 2019 година и ќе трае до пред стартот стартот на турата 25 Август 2019 година (Недела). „Tour de Kalimanci lake“ започнува во 09:00 часот од Градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење, ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател. За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна „кацига“ и дополнителна индивидуална додатна опрема. Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *