PrimePoint Partners го презентираше планот за градење на капацитети за одржлив туризам и агробизнис во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 15.11.2022 година – Тим од експерти на консултантската компанија PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro, во текот на вчерашниот ден, ја посети Општина Македонска Каменица каде оствари работна средба со градоначалникот Димчо Атанасовски.
На работната средба, пред градоначалникот Атанасовски беше презентиран планот за имплементација на тековниот проект на PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro, посветен на самоодржливи решенија за економски развој на општината.
„Ваквите проекти се шанса кои општина Македонска Каменица треба да ги искористи за зголемување на сопствените капацитети, во насока на едукација на заедницата и презентирање на потенцијалот на нашето подрачје. Ова воспоставување на нови контакти и соработки, се можност за размена на искуства, практики, актуелности и трендови во областа на туризмот, агробизнисот и претприемаштвото“– истакна градоначлникот Атанасовски по завршувањето на работната средба
Фокусот на иницијалната фаза од проектот опфаќа градење на капацитети преку едукација на локалното население за оддржлив туризам и агробизнис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *