Kомисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри аквизицијата за Рудникот Саса

03.XI.2017 (kamenica.mk)

Производителот на бакар „Централ азија металс“ најавува дека е во завршна фаза постапката за аквизиција на Линкс Ресурсис Лимитед, досегашниот сопственик на рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица и оти се очекува да биде комплетирана во понеделник следната недела.

Претходно, Централ Азија Металс доби одобрение за завршување на постапката од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија.

На 25 септември годинава Централ Азија Металс ги информираше своите акционери дека ја прифатила понудата за аквизација на рудникот „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари. Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со досегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“.

Централ Азија Металс е компанија со седиште во Лондон, која котира на Лондонската берза. Поседува 100 проценти од операцијата за бакар Коунрад и 80 проценти од концесијата за истражување на бакар во Шаук, двата во Казахстан.

Во 2015 година рускиот инвеститор СОЛВЕЈ се повлече од „Саса“ и управувачкиот пакет беше преземен од компанијата „ЛИНКС Ресурсис“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *