Forbes ја објави најновата листа на најбогати луѓе во светот

Основачот на Амазон, Џеф Безос и понатаму е пред Бил Гејтс и Ворен Бафет на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, додека Марк Цукерберг падна за три места, а Мајкл Блумберг скокна за две.

Според годишната класификација на Форбс, богатството на 55-годишниот Безос пораснало за 19 милијарди долари во изминатата година и достигна 131 милијарда долари.

Безос, кој има околу 16 отсто од компанијата и поради богатството е критикуван од страна на левичарите на американската Демократска партија, бидејки се разликува од ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кој стана филантроп.

Богатството на 63-годишниот Бил Гејтс скромно се зголеми во текот на изминатата година и достигна 96,5 милијарди долари во однос на 90 милијарди долари претходната година.

Трет на листата е 88-годишниот Ворен Бафет. Богатството на Бафет падна за 1,5 милијарди долари на 82,5 милијарди.

Зад победничкото трио има промени. Иако претседателот на француската групација LVMH, Бернар Арно останува на четвртото место, шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг изгуби речиси девет милијарди долари и падна од петто на осмо место.

Пред него се мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим, Шпанецот Амансио Ортега, основачот на Индитекс и Зара и американскиот ко-основач на Оракл, Лери Елисон.

Мајкл Блумберг (77), основач на истотоимената компанија за финансиски информации, поранешен градоначалник на Њујорк, се искачи на деветтото место од 11-ти минатата година. Неговото богатство се зголеми на 55,5 милијарди долари во споредба со 50 милијарди минатата година.

Американците се ‘уште водат на листата. 14 Американци се меѓу првите 20 милијардери, Франција има двајца претставници Бернард Арно и Франсоа Бетанкур-Мејерс, наследничка на L’Oreale, која е 15-та и единствената жена меѓу 20-те најбогати.

Меѓу другите не-Американци во првите 20 е индиецот Мукеш Амбани, претседател на Reliance Industries, на 13-то место и кинезот Ма Хуатенг, претседател на кинескиот интернет гигант Tencent, кој е на 20-то место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *