EУ ја тргна Македонија од листата на безбедни земји

Европската Унија ја тргна Македонија од листата на безбедни земји, што значи дека патниците од нашата и од пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови и карантин.

Освен Македонија, од листата се отстранети и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора. Листата се базира на епидемиолошката состојба во секоја земја.

Сега има 17 земји на европската зелена листа, вклучувајќи ги Србија, Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *