ФК “Каменица – Саса” славеше против ФК “Малеш” од Берово


ФК “Каменица – Саса” вчера, на домашен терен, против екипата на ФК “Малеш” од Берово одигра уште еден пријателски натпревар во подготвителниот период пред почетокот на претстојната сезона.

 

dav

Домашните иако ја имаа иницијативата во текот на целото прво полувреме до водство дојдоа преку соло-акцијата на Стефан Атанасов на почетокот од вториот дел од натпреварот. За конечните 2:0 се погрижи Дарко Алексовски.

dav

Ова е втора победа на ФК “Каменица – Саса” во овој контролен период, а зад себе имаат и еден нерешен резултат од претходниот натпревар на гостински терен против екипата на ФК “Кит-Го” од Пехчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *