При двајца живи родители, 28-годишен инвалид живее сам и на улица.
Ова е приказната која неговата мајка ја раскажа пред камерата на ТВ Стар, загрижена за животот и здравјето на нејзиниот син кој по разводот, но и по несреќата која го прикова за инвалидска количка, останал да живее со таткото. Но наместо помош и грижа да бара во куќата која треба да му биде дом, тој живее повеќе на улица, отколку дома, обвинува неговата мајка:
- Јас сум разведена, немам свој дом и услови да го земам кај мене. По разводот тој остана да живее со татакото, но сите се сведоци дека детето е повеќе на улица, проси, небањато, кажа Снежана Постолова, мајка на Горан.
Поради ова и по несреќата која од Горан направила траен инвалид, тој едноставно кренал раце од животот, тврди мајката:
- Детето се оддаде на алкохол, нема волја за живот, рече Постолова.
Во обид да обезбеди пристоен живот за синот, мајката помош побарала во Центарот за социјални грижи каде поднела молба за негово сместување во специјална здравствена установа:
- Истиот ден мајката дојде и даде изјава дека го повлекува барањето за сместување на нејзиниот син во установа и дека лекувањето и грижата ќе ја води невладина организација, по што ние ја прекинавме постапката, објасни Сузана Цветкова, рак. на Центар за социјални грижи – Штип.
Иако состојбата на Горан е лоша, тој сепак, без негова согласност не може да биде сместен никаде, тврдат од Центарот:
- Станува збот за полнолетна и деловно способна личност која самостојна одлучува каде и дсо кого ќе живее. Без негова согласност, центарот нема право да го сместува во никаква институција, дообјасни Цветкова.
Овој случај од страна на стручен тим од Центарот бил третиран неколкупати, а нова средба со Горан и татко му тие ќе имаат веќе во понеделник.
Извор: СтарТВ Штип