23-годишно момче почина во притоворот Шутка

До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа стигна информација дека пред околу еден час во притворот во Шутка починало момче на 23 годишна возраст.

Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ за ЦИВИЛ Медија ја потврди оваа информација.

„Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“, изјави Рахиќ за ЦИВИЛ Медиа.

Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице.

Извор: Цивил Медиа

Leave a Reply

Your email address will not be published.