21 идеја за забава и релаксација со кои летото ќе ви биде незаборавно

Полека минува првата седмица од месец август, а додека да трепнеме ќе дојде и крајот на летото. Можеби веќе бевте на одмор или на некое патување, па сега се прашувате како да ги продолжите долгите топли денови. Ние ви нудиме 21 идеја за целосна релаксација и дружење со пријателите. Пронајдете го детето во вас и едноставно уживајте.

(1) 21 идеја за забава и релаксација со кои летото ќе ви биде незаборавно

1. Гледајте стари познати филмови некаде под ѕвезди.

2. Правете балочниња од пена (кој вели дека тоа е игра резервирана само за деца?).

3. Играјте ластик. Побарајте ги другарките од детството и скокајте како кога бевте мали.

4. Изградете замок во песокот (со истата страст како кога бевте дете).

5. Одете во луна парк.

6. Почнете да пишувате дневник… секоја вечер по неколку реченици.

7. Берете овошки и веднаш изедете ги тие сочни плодови.

8. Направете вкусен освежителен пијалак и поканете ги пријателите.

9. Организирајте скара за семејството или пријателите.

10. Пијте маргарита од големи чаши.

11. Ќебе на трева, мали перничиња, храна, освежување… одете на излет!

12. Излежувајте се на нишалка во дворот или читајте книга во удобла фотелја.

13. Гледајте изгрејсонце на некое спектакуларно место (со спектакуларно друштво).

14. Легнете на трева и гледајте ги ѕвездите.

15. Јадете со прсти (како кога бевте мали).

16. Собирајте школки на плажа.

17. Прочитајте некој лесен роман.

18. Одете боси!

19. Спијте со широко отворен прозорец.

20. Заминете на непланирано патување.

21. Направете си своја летна листа со најубавите музички хитови кои секогаш ви будат убави спомени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *