19-годишно момче и сопатник тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Делчево – Берово

Деветнаесетгодишно момче заврши во болница по излетување на патничкото моторно возило „опел корса“ со кое управувал. Несреќата ја потврдија од делчевската полиција од каде информираа дека освен возачот, настрадал и сопатник во возилото.

– На 30.05.2021 во 22:28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во село Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип, информираа од полицијата.

По извршениот увид на местото на настанот повеќе детали за причината на несреќата од Полициско одделение Делчево најавија во текот на утрешниот ден.

Прочитај повеќе на КаМеНиЦа.Мк: Баскет Кам доби покана да настапува во европската WABA лига

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *