18 општини добиваат 41 камион за транспорт на смет до регионалната депонија во Свети Николе

Еден месец порано од планираното, на крајот од мај од Италија во 18 македонски општини се очекува да бидат предадени 41 камиони за собирање и транспорт на смет од марката Ивеко. Овие возила се за проектот за регионална депонија во светиниколско. 16 се со зафатнина до четири кубици, додека седум со зафатнина 10 метри кубни, 9 од 16 кубици, 3 од 25 и 6 возила се специјализирани кранови за за подигнување и киперски сандак. Овие возила се платени преку проектот на Европската Унија за отворање на регионалната депонија за Источна и Североисточна Македонија, со кој се опфатени 18 општини. Денеска во Свети Николе, пред присутните градоначалници, претставниците на бугарската копманија Екселор холдинг, која го доби тендерот, ја објасни набавката на специјализираните возила. Кога ќе стигнат возилата нема да можат веднаш да се стават во погон, туку ќе бидат во складиште, додека не биде изграден главниот дел од овој проект – фабриката за преработка на отпад, планирана во светиниколскта општина. Евроамбасадорот Самуел Жбогар најави покрај планираните 40 милииони евра за овој проект, најави дополнителни 7,3 милиони евра за затворање на нестрандардните градски депонии.

Општините не можат да се договорат кој да биде директор на заедничкото јавно претпертијатие, за кое се знае дека седиштето ќе биде во Свети Николе. Тоа по се изгледа му е познато на Никола Беротлини, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, кој денеска им упати порака на градоначалниците. Бертолини рече дека ова прашање веднаш треба да биде решено.Бертолини ги потсети градоначалниците, дека имаат уште малку од мандатот, а оваа 2020 година, треба да биде клучна за овој проект. Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, очекува наскоро и официјално да се формира меѓуопштинското јавно претпријатие, со седиште во Свети Николе.
Регионалната депонија се очекува да затвори 16 нестандардни уште наречени нелегални градски депонии, како и уште 107 помали депонии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *