143 145 – Отворен телефонски број за донација на средства потребни за лекување на Санде Цековски

Македонска Каменица, 11.08.2020 година – Започна да функционира отворениот телефонки број од мобилниот оператор Телеком, преку кој хуманите граѓани ќе можат да дноираат средства потрени за лекување на каменичанецот Санде Цековски.

Веќе неколку пати пишувавме за ситуацијата во која се наоѓаат Цековски и неговото семејство, како и за потребата од негово итно лекување. Санде Цековски во моментов се наоѓа во болницата Аџибадем Систина во Скопје и се чувствува добро после првиот извршен хируршки зафат. Досега се соберени 2/3 од потребните средства за лекување. Поради незавидната здравствена состојба и итноста од втора хируршка интервенција, Цековски бара подршка од сите хумани граѓани за обезбедување на преостанатите средства за негово успешно лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *