130 пензионери од Македонска Каменица добија солидарни пакети

Македонска Каменица, 28.01.2020 година – Здружението на пензионери во соработка со локалната самоуправа во Македонска Каменица поделија 130 солидарни пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена. Оваа година, поради пандемијата со Ковид 19 распределувањето на пакетите се одвиваше во подолг временски период и со строго придржување кон протоколите за заштита на личното и јавното здравје.

Ова е традиционална активност на Здружението на пензионери и Општина Македонска Каменица со која се опфатени пензионерите кои поради болест или старост се спречени во присуството на манифестациите и настаните кои ги организира здружението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *