10% ОД КРИМИНАЛЦИТЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА СЕ МАЛОЛЕТНИЦИ

Над 10% од вкупниот број криминалци на Истокот се малолетници. Овие алармантни податоци ги покажува последниот извештај на Министерството за внатрешни работи.

Имено, од вкупно 2.017 кривични дела извршени во 2015-та година, 141 дело го направил малолетник. Полоша состојбата била лани, кога од 1.926 дела, 139 ги направиле лица кое немаат наполнето 18 години, што е над 10,5% од вкупниот број сторители.

Во 2015-година за извршените кривични дела биле пријавени 1.839 сторители, од кои 214 се малолетни. Наредната година, од 1.709 пријавени сторители, 188 биле под 18 години.

Инаку, генерално, според полициската статиска, намален е вкупниот криминал на Истокот.

Во 2014-та година, на подрачјето на СВР Штип биле направени 2.246 дела од областа на криминалот, наредната година бројот се намалил на 2.017, а лани полицијата запишала 1.926 дела од областа на криминалот.

Алармантно е тоа што споредбено со другите области, најголем пораст има кај тешките кражби.

2015-та во општините од Истокот се регистрирани 685 тешки кражби, а веќе лани, нивниот број се зголемил за 79, односно бил 764.

Во најголем дел од случаите, полицијата ги фаќа сторителите, но трагата на украденото, најчесто се губи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *