0800 00 201 бесплатна телефонска линија на МВР за информации

Општина Македонска Каменица ги извести граѓаните дека Министерството за внатрешни работи од 18.03.2020 година  во функција ги става бесплатната телефонската линија 0800 00 201 и е-мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mkкаде граѓаните (на македонски и на албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно со состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

Сите сомнителни случаи, непридржувања кон предвидените мерки за самоизолација, избегнувања на пријавување луѓе кои се вратиле од странство или, пак, прекршување на мерките за ослободување работници, граѓаните може да ги пријават на горенаведените броеви. Телефонскиот број ќе работи 24 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *