Ќе се реновираат зградите 1 и 2 во студентскиот дом „Стив Наумов“

 

Зградите 1 и 2 во студентскиот дом „Стив Наумов“ наскоро ќе добијат темелно реновирање. Во тек е јавниот повик за изработка на техничка документација за санација и замена на дотраените материјали.

Според повикот, техничката документација треба да има планиран лифт во двете згради, решение за замена на подовите, прозорите, вратите, реконструкција на тоалетите, репарација на крововите, поставување на видео надзор како и вградување на системи за против пожарна заштита.

Подетално, почнувајќи од внатрешната реконструкција во двете згради планирана е замена на подовите во ходниците. Односно планирано е да се заврши постојниот под од терацо плочки, а на места каде е оштетен да се репарира. Планирана е замена на подните облоги во спалните соби со пвц подлоги кои се  еколошки, лесни за одржување и специјално дизајнирани за ваков тип на објекти.

Во тоалетите се препорачува подовите да бидат лиени, но прашањето е отворено за консултација со инвеститорот. Во одност на градежниот проект техничката документација треба да има конструктувно решение за тоалетите, односно доколку е потребно да се изврши појачување на конструкцијата, позиционирање на канали за инсталации и вентилација.

Ѕидовите во тоалетите кои се дотраени и полни со влага, планирано е да се сменат со материјали соодветно обработени за заштита од влага.

Вратите е предвидено да бидат со метални каси фабрички заштитени од пожар, и крила со ПП заштита. Истите треба да бидат отпорни на механички удари, звучна изолација и отпорност од влага.

Бидејќи во двете згради веќе имало замена на дел од прозорите, во техничката документација треба да се планира менување само на оние кои не се сменети при првата промена. Планирано е поставување на парапетни плочи од гранит, а од надворешната страна пластифициран лим.

Во однос на хидротехнички инсталации техничката документација треба да има планиран, санитарен водовод, ПП водовод, фекална и атмосферска канализација. Детално решение за инсталационата мрежа, за котлите за вода и можност за дополнително поставување на сончеви колектори и решение за одведување на атмосферската вода.

Кај термотехнички инсталации, планирани се членкасти радијатори, додека кај електротехничкиот проект, треба да има квалитетно решение за осветлување на собите и ходниците. Инвеститорот во техничката документација треба да има проектиран систем за управување на осветлувањето преку DALI протокол, преку детектор за движење  или програмирање односно кога нема движење да има минимално осветлување.

Техничката документација исто трака треба да има решение за кровната конструкција во двете згради. Крововоте во зградите се со азбестни плочи и во лоша состојба, а на места и се отворени. Од овој аспект документацијата треба да има планирана  констукција од чамоша граѓа отпорна на пожар.

За безбедноста на студентите во техничката документација се бара и решение за поставување на видео надзор во ходниците, холовите, скалите, просторот за заеднички активности и пријавниците во двете згради. Видео надзорот треба да го покрива и објектот од надворешната страна заедно со сите влезови. Камерите планирано е да бидат подвижни со далечинско управување.

Техничката документација треба да има и планиран систем за заштита од пожари. Односно систем за рано откривање со детектори на чад и зголемена температура во сите простории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *