Јужна Кореја тестира роботи во градинките

Јужна Кореја тестира роботи во градинките

Сеул почна да тестира минијатурни роботи во градинките во рамките на пилот проект за кој градските власти велат дека има за цел да ги подготви идните генерации за иднина исполнета со технологија.

Alpha Mini роботите се високи само 24,5 см и можат да танцуваат, да пеат песни, да рецитираат приказни и дури да ги учат децата на кунг фу потези така што децата ќе ги имитираат роботите кои прават склекови и балансираат стоење на една нога.

Роботите ќе им помагаат на децата со нивната креативност. Нивните очи ќе намигнуваат и ќе трепкаат, а зениците ќе имаат форма на срце додека разговараат со некого. На шлемот имаат камера и можат да прават фотографии кои во истиот момент ги испраќаат до таблет за да може да се прегледаат.

Во иднина ќе биде многу битно да се зае да се управува со вештачката интелигенција и ова искуство ќе има трајни ефекти кај децата во текот на нивниот подоцнежен живот, велат властите. Роботите се тестираат во 300 градински во Сеул, а владата ја препорачува оваа пилот програма за деца на возраст од 3 до 5 години.

 

 

(The Guardian)

(фото: Twitter)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *