ЈП Камена Река ќе дели средства за дезинфекција на колективните и индивидуални живеалишта

Во согласност со мерките и препораките усвоени на 23 Седница на Влада на Република Северна Македонија и заклучоците на состанокот на Кризниот штаб на општина Македонска Каменица поради коронавирусот, ЈП „Камена Река“ како претпријатие задолжено за јавна чистота, во овие вонредни услови спроведува дезинфекција на сите градски и приградски улици, јавни површини, забавни паркови, шетачки патеки и урбана опрема.

За подобра ефикасност во справувањето со коронавирусот Кризниот штаб на општина Македонска Каменица на станарите од колективните живеалишта им наложува секојдневно да ги чистат заедничките простории со средство кое можат бесплатно да го добијат од Јавното претпријатие. Исто така граѓаните кои живеат во индивидуални живеалишта можат секој работен ден од 07 до 15 часот од ЈП Камена Река да добијат средство за дезинфекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *