ЈП “Камена Река” – Македонска Каменица дел од еко-акцијата “Македонија без отпад”

Денес општина Македонска Каменица се вклучи во најголемата еко – акција „Македонија без отпад” ,со главен покровител Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на акцијата е да биде собран отпадот расфрлан низ дивите депонии во природата, подигање на еколошката свест кај населението, да се придонесе за здрава и чиста животна средина и да се овозможат одржливи решенија за управување со отпадот во Република Македонија. fb_img_1475316256796Во денешната акција која се спроведе во атарот на село Моштица, Македонска Каменица, се вклучија вработени од Ј.П. „Камена Река“, вработени и ученици од О.У.,,Кирил и Методиј ” и СОУ „Миле Јаневски Џингар“.fb_img_1475316246916

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *