ЈП Камена Река започна со изградба на секундарна атмосферска канализација во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 29. Ноември 2022 година – ЈП Камена Река започна со изградба на одводни канали од секундарната атмосферска канализација во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

– Со ова, трајно решаваме уште еден повеќегодишен проблем со одводнувањето на атмосферските води, кои постојано предизвикуваа штети врз имотите на жителите од оваа урбана средина во Македонска Каменица, – велат од ЈП Камена Река

Градежните работи за изградба на одводните канали, ЈП Камена Река ги спроведува околу колективните живеалишта на улиците Руенска, Рударска и 28-ми Август во Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *