ЈП Камена Река започна процес на аерација на почвата од јавните зелени површини

Македонска Каменица, 09.02.2021 година – ЈП Камена Река ги користи поволните временски услови за остранување на мов и коров од јавните зелени површини во централното градско подрачје и кејот на Каменичка Река. Истовремено се врши целосна аерација на почвата на сите зелени површини.

ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за одржување на јавната чистота, комуналната хигиена и одржување на зелените површини во Македонска Каменица во континуитет, покрај хортикултурното уредување на јавните површини, преку екоакции спроведени заедно со граѓаните, работи на создавање нови зелени површини, како во централното градско подрчаје, така и на периферните делови од градот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *