ЈОУДГ „Бамби“ воведе пријавување по електронски пат

Детската градинка „Бамби“ воведува пријавување по електронски пат

Во најновото соопштение објавено денес на официјалната веб страна на детската градинка „Бамби“ – Македонска Каменица родителите се известуваат дека оваа општинска установа за првпат воведува електронско запишување на деца. Во соопштението кое ви го пренесуваме во целост се вели:

СООПШТЕНИЕ

Почитувани родители, поради новонастанатата состојба, Ве информираме дека пријавувањето на деца за запишување во градинка можете да го направите со пополнување на пријава која можете да ја преземете овде Пријава за запишување

Ве молиме пријавата да ја пополните во целост со сите брани податоци, во спротивно нема да биде процесуирана во рангирањето за прием. Пополнетата пријава со сите податоци пратете ја на следната e-mail адреса: bambikamenica@t.mk

Ова важи за деца кои се пријавуваат за првпат. Пријавите поднесени кај службите се важечки и ќе бидат разгледувани по започнување со работа на установата.

16.06.2020                    ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *