ЈАВЕН ПОВИК од општина Македонска Каменица за доставување на иницијативи за изработка на нови урбанистички планови во 2018 година

26.02.2018 kamenica.mk

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/2014; 44/2015, 193/2015 , 31/2016 и 163/2016) градоначалникот на општина Македонска Каменица го донесува следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат правните и физичките лица дека се распишува:

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Македонска Каменица за 2018 година

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/2014; 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016) во првиот и третиот квартал од годината.

  • Во периодот од 30 дена сите заинтересирани правни и физички лица треба да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од горенаведениот Закон;
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки урбанистички план или пак урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата;
  • Јавниот повик ќе трае од 26.02.2018 година до 26.03.2018 година сметано од објавата во дневниот весник.
  • Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општината Македонска Каменица, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службено гласило на општината Македонска Каменица.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на општината Македонска Каменица до одделението за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок.
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите;
  • Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Македонска Каменица за 2018 година;
  • Средствата за изготвување на потребната документација за прифатените иницијативи треба да ги обезбедат правните или физичките лица кои се подносители на иницијативите.

ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Градоначалник

Соња Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *