ЈАВЕН ПОВИК ДО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА УЧЕСТВО НА „ЕВРОПСКИ КВИЗ НА ПАРИ“

ЈАВЕН ПОВИК ДО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

 

ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европскиот квиз на пари се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи на 23 март 2020 година.

Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 29 април 2020 година во Брисел, Белгија.

Европската банкарска федерација на училиштата ќе додели парична награда во износ од 3.000 евра за прво место, 2.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето место.

Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра. Финалниот натпревар во Белгија ќе се одвива на мајчин јазик на учесниците.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 31 јануари 2020 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

  • Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;
  • Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
  • Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на пари се достапни на следниве веб-страници: mba.mk и efb.eu.

Поддржано од:
Министерство за образование и наука на РСМ
Министерство за финансии на РСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *