ЈАВЕН ПОВИК ДО ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ФОНДАЦИИ, СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ДРУГИ ФОРМИ НА ЗДРУЖУВАЊЕ

Ова е Јавниот повик за Здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови кој општина Македонска Каменица го објави на нејзината веб страна

 

Врз основа на Програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица, Градоначалникот на општина Македонска Каменица го распишува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека согласно програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2017 година, доколку сметате дека Вашата активност треба да биде финансиски поддржана од Буџетот на општина Македонска Каменица потребно е да доставите барање до Советот на општина Македонска Каменица.

Co барањето потребно е да доставите и:

Тековна состојба (да не биде постара од шест месеци од денот на поднесување на апликацијата);

Статут;

Годишна програма за работа;

Наративен и финансиски извештај за последната година;

Листа на реализирани проекти, домашни и заеднички проекти со општината (доколку здружението постои повеќе од една година).

Јавниот повик се однесува на Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот чие седиште е на територијата на општина Македонска Каменица.

Потребната документација треба да ја доставите најдоцна до 30.11.2016 година заедно со посебен формулар кој може да го превземете тука или пак да го подигнете во просториите на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *