Што ја предизвикува вашата несоница и како да се ослободите од неа?

Несоницата во одредена фаза од животот се појавува кај една од три личности. Покрај тоа што може да доведе до хроничен замор и недостиг на концентрација, долготрајниот недостиг на сон генерално има негативно влијание на здравјето.

Меѓу другото, недостатокот на сон може негативно да влијае на здравјето на срцето, да предизвика депресија, или дури Алцхајмерова болест, па затоа многу е важно да се води сметка за добар сон.

Притоа треба да се знае дека ни е потребна различна количина на сон.

На возрасните луѓе им се потребни од 7 до 8 часа, додека постарите во просек спијат помалку.

Можеби е проблемот во попладневната дремка

Причините за попладневна дремка можат да бидат различни – лоши навики во спиењето, различно време на одење во кревет и будење, работа во смени, или редовно земање на поединечни лекови, како оние за зголемен крвен притисок, алергии, асма депресија и слично. Ако некогаш спиете попладне, важно е тој ритуал да не трае предолго, за да не создаде проблеми во ноќното спиење.

И храната и алкохолот можат да предизвикаат несоница

Алкохолот е добар седатив, но доведува до почести будења во касните фази од ноќта, додека кофеинот и никотинот поттикнуваат будност.

Несоницата може да се карактеризира и како пореметување при спиењето.

Како да се ослободите од несоница?

Концентрирајте се на позитивните ефекти на сонот

Секогаш имајте ги во предвид позитивните работи кои ги носи сонот: Помала чувствителност на организмот на болести, повеќе енергија, поведро расположение, подобра контрола на тежината и подобар секс.

Наместете аларм за спиење

Допишувањето на социјалните мрежи пред спиење е „заразно“, па често си легнуваме подоцна од планираното. Поради тоа, наместете си аларм, па кога тој ќе се огласи, оставете ја целата технологија по страна.

Одредете лични ритуали

Почнете со нешто помало, како оставање на телефонот еден час пред спиење или читање на некоја книга.

Водите дневник за спиење

Обидете се да ги забележите сите позитивни ефекти од спиењето кои сте ги забележале кај вас, како на пример тоа што се будите свежи наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *