Честитка на градоначалничката Стаменкова по повод 11. Октомври

Македонска Каменица, 11.10.2020 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати честитка до сите граѓани на општина Македонска Каменица, по повод денот 11 Октомври Ден на народното востание, во која се вели:

Почитувани,

Дозволете да го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври на сите мои сограѓани.

Ова е денот кој треба да нè потсетува на храброста, пожртвуваноста и одважноста на нашите предци. Симбол на борбата против злите и деструктивни сили. Наша водилка за сплотено да работиме и градиме татковина која ќе биде подобро место за живеење.

Овој голем државен празник е симбол на непокорот и правдољубивоста, но и темел на вековната определба на Македонскиот народ за слобода и мир, за своја достоинствена и рамоправна република. 11 Октомври е потсетник на државничките чекори на нашите предци, на нивните тешки, но правилни одлуки.

Сегашноста ни дава можност да продолжиме да работиме во истиот дух со непоколебливост, одлучност и правичност за подобра иднина на младите генерации.
Денес и сега е моментот кога пишуваме историја, сите заедно, во духот на вистинскиот патриотизам да продолжиме на патот кон европското семејство.
Да го оствариме вековниот стремеж на предците, на граѓаните, на сите нас.

Со почит,

Соња Стаменкова
Градоначалник на општина Македонска Каменица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *