Црна Гора денес официјално ќе биде примена во НАТО, на церемонија што ќе се одржи во американскиот Стејт Департмент.
Црна Гора станува 29- тата членка на НАТО. Предвидено е на цермонијата да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
По официјалниот прием, на 7 јуни пред седиштето на НАТО во Брисел ќе биде подигнато и знамето на Црна Гора. На оваа церемонија е предвидено да присуствува црногорскиот претседетел Филип Вујановиќ.
Извор: СтарТВ – Штип