Автобус на бугарска туроператорска компанија кој превезувал 46 лица за Македонија, изгоре целосно синоќа на патот меѓу Ќустендил и граничниот премин Ѓуешево.
Бугарските медиуми јавија дека нема настрадани, а сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.
Причина за пожарот неофицијално е краток спој по што се запалила електричната инсталација додека автобусот бил во движење.
Бугарските медиуми пишуваат дека пожарот настанал во 18:30 часот, а сообраќајот бил во прекин