Христина Деолска – млада делчевчанка која создава уметност со пегла на восок (Енкаустика)

Со восок и пегла до изблик на емоции . Старата египетска техника, енкаустика, донесе несекојдневна изложба и уметнички израз пред делчевската публика. На авторката и добро познатата делчевска поетеса Христина Деолска,ова и е прва самостојна изложба, а оваа техника и уметнички израз ги практикува веќе 10 години и има зад себе стотина слики со енкаустика.

  • Технката е многу инспиративна и ми дава можност преку боите да ги изразам моите чувства. Оваа техника кај нас е реткост, потекнува од Египет, се сцртале фрески со ова атехника, но ја практикуваат уменици 2-3 кај нас но и од Европа, така што се поврзам со многу имиња на уметници и од целиот Балкан со кои разменувам искуства се консултирам, изјава Христина Деолска, уметник.

Љубителите на уметнноста во Делчево, прв пат се запознаа со оваа техника на творење.

  • Неодамна разбрав за оваа техника и драго ми е што можеме да ја видиме и во Делчево, кажа Миле Ѓорѓијоски, афористичар.

Изложбата е во организација на Националната установа центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево.

  • Најнапред имавме промоција на книга од истата авторка, а еве сега имаме и 30-тина дела кои публиката ќе може да ги види во наредните неколку дена, Љупчо Петровски, директор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ – Делчево.

Деолска и нејзината поезија последниве години го привлекуваат вниманието на љубтелите на пишаниот збор. Стиховите од нејзината прва книга поезија „Меѓу сонот и јавето“ ја извлекоа од аноимноста и таа го зазеде почесното место во категоријата делчевски поетеси и роднокрајни автори. Во моментов работи и на својата втора книга поеизја.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *