ФК САСА се врати без бодови од Кавадарци. Следното коло шанса за заминување од последното место на табелата

ФК Каменица Саса не успеа да се врати со позитивен резултат од гостувањето во Кавадарци против ФК Тиквеш. Домаќините покрај контролата на играта во текот на целиот натпревар успеаа да слават со конечни 3:0.

Со победата во минатото коло против Кит Го од Пехчево, Каменица Саса успеа да фати приклучок со останатите екипи вклучени во борбата за опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Со победа во наредното коло, кое Саса го игра пред домашна публика против Детонит Радовиш, ќе значи конечно заминување од последната позиција на табелата.

Саса и Вардар од Неготино имаат по 10 бодови, Детонит е со 11, Партизан од Обршани и Плачковица предничат со 13, односно 15 бодови. Моментален распоред кој ветува многу возбудувања и неизвесност до крајот на сезоната од ВМФЛ Исток

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *