ФК Каменица САСА по лошиот старт на сезоната се раздели со тренерот Иван Варадиновски

Македонска Каменица, 15.09.2022 година – ФК Каменица САСА се раздели со тренерот Иван Варадиновски по елиминацијата од Купот на Македонија. ФК Каменица Саса, вчера на Градскиот сстадион во Македонска Каменица, претрпе пораз од скопски Вардар со 0-3.
Претходно, по четири одиграни кола во Втората фудбалска лига, ФК Каменица САСА освои само еден бод и има постигнато два погодока.

Оставката на Варадиновски и прекинот на соработката, можеби е најлогичниот чекор, по лошиот старт на сезоната и изостанувањето на очекуваните резултати на клубот.

„Некогаш работите не се одвиваат како што замислуваме и посакуваме и сметам дека моето заминување од Саса моментно е најдоброто решение и за мене и за клубот. Му благодарам на раководството за укажаната доверба и можноста да ја водам Саса, а им посакувам сѐ најдобро во иднина, многу позитивни работи и успеси“, изјавува Варадиновски за МакФудбал.

До овој момент, нема официјално соопштение од управата на ФК Каменица САСА за прекинот на соработката и заминувањето од клубот на досегашниот тренер, Иван Варадиновски.

ФК Каменица САСА во следното коло, на Градскиот стадион во Македонска Каменица ја пречекува струмичка Беласица. Натпреварот се игра во недела, со почеток од 15:00 часот.

Веста е преземена од makfudbal.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *