ФК Каменица САСА: Одложени натпреварите во детските и младински фудбалски категории

Македонска Каменица,12.03.2020 година – Како што стои во соопштението за јавност објавено на официјалниот фејсбук профил на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, натпреварите во детските и младинските фудбалски категории се одложени поради новиот коронавирус. Соопштението Ви го пренесуваме во целсот:

Почитувани,

Согласно последните препораки и мерки од Владата на Македонија за превенција од вирусот COVID-19 , Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари во младинските конкуренции и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.

Со ова соопштение се одложуваат сите натпревари на младинските категории на ФК Каменица Саса кои беа закажани за овој викенд.

Со почит,

ФК Каменица Саса

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *