ФК Каменица Саса ги претстави првите засилувања за пролетниот дел од сезоната

Тимот на Каменица Саса, на пролет планира да ги подигне амбициите како клуб, и да одигра полусезна во ВМФЛ шампионатот што би требало да донесе нова насока за функционирањето на клубот.

Финанскиот дел е покриен како од страна на општината така и од рудникот Саса, па од таа гледна точка раководните структури на клубот нема да имаат проблем. Ниту пак стручниот штаб очигледно кој за следната полусезона веќе промовира неколку нови имиња.

Во прв ред тоа се браќата Иванови, Димитар и Благојче, Саше Дуков како искусно решение за нападот, Мартин Петровски, Мартин Тодоров, Кире Митков, Давид Мирковски, и Лука Здравковски кој има и интернационално искуство зад себе.

Сите овие се веќе дел од ростерот на Каменица Саса, а од денеска и во тренажен процес затоа што стартуваа и подготовките. Планирани се неколку пријателски средби, а можеби и уште некое ново име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *