Финците се најсреќни луѓе на светот. Еве на кое место се Македонците

Финска е најсреќната земја во светот, се наведува во овогодинешниот глобален извештај на ОН за среќа, спроведен во 156 држави, објавен на Денот на среќата.

Граѓаните на Северна Македонија се на 84-то место, додека минатата година беа на 89-то место.

Извештајот објавен денеска е составен според истражувања на Галуп во секоја од државите за тоа колку среќни се чувствуваат граѓаните.

Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.

Финска, како и во претходните години ја задржа водечката позиција. Веднаш зад неа, според овој извештај, се Данска, Норвешка и Исланд. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Од земјите од регионот, најсреќни се во Словенија (44. место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место).

Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *