„Фајненшел тајмс“: ЕУ ќе прими шест држави

 

Планот на ЕУ е во своето членство да прими шест држави: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ, но и самопрогласената држава Косово, пишува „Фајненшел тајмс“.

Според наводите весникот, главната причина за ваквиот потег во Брисел е тоа што Балканот служи како главен „терен”, преку кој илјадници мигранти доаѓаат на територијата на ЕУ.  Исто така, стратезите на ЕУ стравуваат дека Русија опасно ја шири својата зона на влијание, токму на територијата каде што традиционално веќе има свои сојузници.

Забележано е, наведува весникот, дека Москва почнала цинично да коментира за ветувањата што ЕУ им ги дава на земјите од Западен Балкан за членство, наметнувајќи се себеси како „алтернатива”.

„Значаен број жители, на пример, во регионот веруваат дека нивната земја никогаш нема да пристапи во ЕУ”, изјави Флоријан Бибер, експерт за Југоисточна Европа при Универзитетот Грац.

Новиот план Брисел ќе биде претставен на Европската комисија токму на 6 февруари, кога ЕУ треба, според претходно најавените, да го претстави својот план за Западен Балкан. Очекуваме дека новиот план ќе биде усвоен, посочува „Фјенешел тајмс“.

Еден ЕУ дипломат, кој застапува проширување на Унијата, вели  дека „овие шестмина не се надвор од ЕУ, туку дека се веќе внатре и дека му се потребни во Брисел”. Исто така, според неговите зборови,  2025 година е рамка која е подложена на промени.

Најблиску до постигнувањето на целта, до 2025 година се Србија и Црна Гора, пишува весникот.

Весникот  потсетува дека Бугарија, која моментално претседава со Унијата, но и Австрија која ќе го наследи, како свои приоритети го наложија токму проширување на ЕУ во Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *